Можеби не е доволно против детска парализа да се вакцинираат само сириските бегалци, предупредуваат германски експерти кои велат дека таа болест може повторно да ја зарази Европа, во која ја нема веќе со децении.
Можеби не е доволно против детска парализа да се вакцинираат само сириските бегалци, предупредуваат германски експерти кои велат дека таа болест може повторно да ја зарази Европа, во која ја нема веќе со децении.
Во текст во научното списание Лансет, Германците велат дека за Европа опасноста од инфекции од вирусот на детска парализа лежи во дел и од типот на вакцината која се употребува во подрачја кои со години не ја регистрирале оваа болест.
Детската парализа или полиомелитис се пренесува од контаминирана храна или вода, а во октомври е потврдена епидемија меѓу децата во Сирија, каде болеста не се појавувала 14 години.Светската здравствена организација СЗО, смета дека болеста веројатно се проширила од Пакистан, една од трите земји каде се уште е ендемска, а предупредуваат дека сириската епидемија може да зарази милиони деца во Блискиот исток.
Полиомиелитис лесно се пренесува од лице на лице и брзо се шири меѓу децата, посебно во нехигиенски услови во кои живеат луѓето во Сирија и во пренаселените бегалски логори во соседните земји.
Болеста го напаѓа нервниот систем и за само неколку часа може да предизвика иреверзибилна парализа. Во текстот во Лансет Мартин Екнер од Универзитетот во Тубинген и Стефан Брокман од регионалниот кабинет за јавно здравство на Ројтинген, пишуваат дека повеќето европски земји моментално употребуваат неактивна вакцина ИПВ, а не орална ОПВ, т.е. жива вакцина.
Иако ИПВ делотворно ја спречува детската парализа, само во дел штити од инфекција и затоа е помалку делотворна ако вирусот активно циркулира.Експертите затоа препорачуваат и рутински преглед на канализациите во регионите на сириските бегалци, за да се провери дали таму има вирус.
Бенџамин Њуман, виролог од британскиот универзитет во Реадинг се согласува дека новата епидемија е опасна и за соседните земји и пошироко.
– Секое новородено дете е во опасност да добие детска парализа ако не се вакцинира – предупредува тој.
Додека вирусот сосема не се искорени, треба да се продолжи со вакцинирање на децата – додава тој.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град