Дизајниран да лета и оштетен, сепак падна

Хеликоптер Black Hawk UH 60 на американската војска се сруши во Германија.

 |  Маја Савиќ  | 
Black hawk
црн сокол

Black hawkАмерикански хеликоптер се сруши синоќа во близина на градот Верхејм во Германија, а тројцата членови на екипажот  ги загубија животите.
“Во хеликоптерот имаше тројца луѓе и никој не преживеа”-изјави за германските медиуми портпаролот на американската војска,кој не даде детали за идентитетот на погинатите војници.”Мораме да ги известиме семејствата на загинатите а потоа ќе дадеме информации за јавноста”-додаде.

Хеликоптерот  Black Hawk UH 60 падна во шума на одалеченост од околу 400 м. од автопатот. Областа околу местото на несреќата беше затворена. Спасувачите прво ги пронашле телата на двајца членови од екипажот а пожарот го гаснеле еден час.

Транспортниот хеликоптер одел од Менхејм кон бараките Колман. Девет км. пред да стигне на целта, се срушил. Во моментот на падот владееле тешки временски услови иако официјално уште не се објавени причините што довеле до несреќата. Истаргата ќе потрае.
Хеликоптерот “Црн јастреб” направен е кон крајот на `70-тите години како средно тежок транспортен хеликоптер. Познат е по тоа што може да продолжи со летот и кога е оштетен а и по воениот филмот “Black Hawk Down” снимен според вистински настан во Сомалија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top