Лансирањето на шатлот „Дискавери“ е одложено за 15 март или уште поверојатно за 16 март, откако за ноќеска планираното полетување беше откажано поради утврдено истекување гориво.
Лансирањето на шатлот „Дискавери“ е одложено за 15 март или уште поверојатно за 16 март, откако за ноќеска планираното полетување беше откажано поради утврдено истекување гориво.
Претходно НАСА соопшти дека стартот ќе биде откажан за најмалку едно деноноќие.
Шатлот ќе го испорача последниот елемент од енергетскиот систем на Меѓународната вселенска станица (МВС) – комплет сончеви панели. Во неговиот седумчлен екипаж е вклучен и јапонскиот космонаут Коичи Ваката.
Првично лансирањето на „Дискавери“ беше закажано за 12 февруари, но неколку пати беше одложувано, бидејќи инженерите и техничките раководители сакаа дополнителни проверки на системите за гориво.
Последното одложување значи дека ќе се наметне скратување на првично планираната двонеделна мисија на шатлот, а некои излегувања во вселената да отпаднат од програмата, бидејќи „Дискавери“ треба да ја напушти МКС, пред таму на 26 март да пристигне руска ракета „Сојуз“ со нов екипаж за станицата, посочуваат американските медиуми.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град