Дипломатија до гуша

Иранските весници одлучиле дека деколтето на европската министерка за надворешни работи, Кетрин Ештон е премногу отворено за вкусот на муслиманските читатели, па со помош на Фотошоп ја облекле до гуша.

 |  Маја Савиќ  | 
photoshop diplomatija
фотошоп дипломатија

Иранските весници одлучиле дека деколтето на европската министерка за надворешни работи, Кетрин Ештон е премногу отворено за вкусот на муслиманските читатели, па со помош на Фотошоп ја облекле до гуша.
photoshop diplomatija
Обработената фотографија се појавила во извештаите за неуспешните преговори за нуклеарната програма на Иран, кои неодамна се одржаа во Истанбул.

Пред да позира за фоторепортерите, бароницата била предупредена да избегнува секаков физички контакт со нејзиниот ирански колега, затоа што може да ги навреди муслиманите. Таа го испочитувала барањето и примерно стоела со рацете зад грб, но нејзиното деколте им ги бодело очите на медиумите во Иран.

“Таа беше соодветно облечена. Деколтето воопшто не беше длабоко. Навистина многу жени во Иран носат бурки, кои ги покриваат од глава до петици, но преговорите се одржаа во сосема трета земја,” изјавила портпаролката на шефицата на европската дипломатија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top