На денешен ден Роза Паркс одби да стане

На 1-ви декември, пред 55 години, црномурестата Американка Роза Паркс беше уапсена и обвинета во Монтгомери, Алабама, бидејќи не сакаше да му го отстапи своето место во автобусот на бел патник.

 |  Маја Савиќ  | 
Rosa parks
Роза Паркс

Rosa parksНа 1-ви декември, пред 55 години, црномурестата Американка Роза Паркс беше уапсена и обвинета во Монтгомери, Алабама, бидејќи не сакаше да му го отстапи своето место во автобусот на бел патник.

Иако таа тогаш не можела да знае дека нејзиниот чин ќе доведе до укинување на сегрегациските закони на Југот, нејзината улога во американската историја и’ донесе статус на икона на движењето за граѓански права.

Кога таа 1955 г. автобусот се наполнил, возачот Џејмс Блејк побарал од неа да му го отстапи своето место на белец. Таа одбила и била уапсена поради непослушност. Четири години потоа, Роза Паркс е обвинета за недолично однесување. Нејзиниот чин на одбивање предизвика едногодишен бојкот на автобускиот превоз и инспирираше протести против расната сегрегација, под водство на Мартин Лутер Кинг, кои имаа клучно влијание за усвојувањето на Законот за граѓански права во Конгресот 1964 г. Со овој закон, меѓу другото, се забранува расната сегрегација во јавниот превоз.
Rosa parks
Статусот на Паркс како икона на граѓанското движење е воспоставен кога таа седнала на првиот ред од седиштата кој бил резервиран само за белци. Кога автобусот се наполнил со луѓе, возачот побарал од неа да им отстапи место на белите патници. Нејзиното одбивање било казнето со апсење и парична казна од 10 долари, како и наплата на судските трошоци во износ од 4 долари. Меѓутоа, Врховниот суд во 1956 г. одлучил дека казната била неуставна.

Во тоа време оваа 42-годишна кројачка, која подоцна работеше како секретарка во Националното здружение за напредок на обоените луѓе, изјави дека својата постапка ја извела како обичен граѓанин бидејќи „била премногу уморна за да го отстапи местото“. По нејзиното апсење таа добива отказ во стоковната куќа во Монтгомери каде што работи, а подоцна се преселува во Детроит каде наоѓа слична работа. Таа подоцна го основаше Роса и Рејмон Паркс институтот за саморазвој за да им помогне за младите да ги искористат образовните можности, да се регистрираат за гласање и да работат со цел постигнување расен мир.

Претседателот на САД, Бил Клинтон, во 1996 г. и’ го додели Претседателскиот медал за слобода, а во 1999 г. таа го прими највисокото цивилно признание во САД, Конгресниот златен медал.

По нејзината смрт на 24 октомври 2005, нејзиното тело беше префрлено во Вашингтон во автобус ист како оној во кој своевремено одби да го отстапи местото на белец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top