Ден на жалост во Србија

Србија денеска е во национална жалост поради загинувањето на девет свои државјани во сообраќајна несреќа во Египет.

 |  Крсте Голабовски  | 
povreden
повреден

Србија денеска е во национална жалост поради загинувањето на девет свои државјани во сообраќајна несреќа во Египет.

kartaТешката сообраќајна несреќа во која загинаа девет српски туристи, а други осум беа повредени, се случи во четвртокот изутрина. Автобусот полн со српски туристи се судрил со шлепер.

Здравствената состојба на осуммината повредени е стабилна и тие се надвор од животна опасност.

Повредените туристи денеска во болницата во Каиро ги посети српскиот претседател Борис Тадиќ, кој нагласи дека станува збор за „ужасна трагедија“.

„Единствената добра вест во оваа тешка несреќа е дека сите наши државјани, кои се сместени во болница, се добро и оти прогнозата на лекарите за нивното опоравување е многу добра“,изјави Тадиќ по посетата на еден од повредените во каирската болница Али Ахли Бенк.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top