Повеќе илјади луѓе протестираа во Париз во неделата на повик на организацијата „Ден на гневот” против политиките на претседателот Франсоа Оланд.
Повеќе илјади луѓе протестираа во Париз во неделата на повик на организацијата „Ден на гневот” против политиките на претседателот Франсоа Оланд.
Според процените на париската полиција на протестот се собрале околу 17 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека имал 120 илјади. Организаторите, кои доаѓаат од десниот центар и крајната десница како и конзервативните католици, ја критикуваа „лошата акција на владата којашто води во пропаст”. Тие, исто така, го повикаа социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд ведна да се повлече од власта, пренесува AFP.
Демонстрантите, од кои некои на протестот дошле со своите семејства, извикувале „Не за еднополовите бракови” и „Оланд – оставка”. Тие барале повлекување на одлуката за легализација на хомосексуалните бракови, почитување на слободата на говорот и повлекување на Франција од Европската унија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град