Демонстранти ги нападнаа принцот Чарлс и Камила

Неколку часа откако британскиот Парламент го усвои предлогот за покачување на школарината, група гневни демонстранти во Лондон го нападнаа автомобилот на принцот Чарлс и Камила, гаѓајќи го со шишиња и боја.

 |  Маја Савиќ  | 
Princot Charles i Kamila
Принцот Чарлс и Камила

Неколку часа откако британскиот Парламент го усвои предлогот за покачување на школарината, група гневни демонстранти во Лондон го нападнаа автомобилот на принцот Чарлс и Камила, гаѓајќи го со шишиња и боја.
Rols rojs na princot Charles

Кралската двојка била на пат кон театар, кога наишла на толпата студенти кои протестираат против покачената партиципација на универзитетите. Откако ги препознале,  поголема група протестанти се издвоила од масата и му се нафрлила на Ролс Ројсот, извикувајќи погрдни зборови и мавајќи со тупаници и шишиња.
Princot Charles i KamilaВо нападот бил напукнат еден од прозорците на автомобилот, но брачниот пар поминал без повреди. По неколку хаотични минути, возачот успеал да го пробие автомобилот низ толпата и да побегне.
Премиерот Дејвид Камерон го нарече нападот шокантен и непростив и побара од полицијата објаснување за пробивањето на безбедноста околу наследникот на Кралицата.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top