Меѓутоа, не се исполни планот за вакцинирање на 30 милиони граѓани до средината на јуни. Регионалните власти низ Русија ги задолжуваат вработените да се вакцинираат, а доказ за имунизација е неопходен за влез во рестораните и другите јавни места.
Здравствените власти причината за зголемувањето на новите инфекции ја гледаат во непочитувањето на санитарните мерки на граѓаните и распространетоста на новите видови на вирусот, но пред се во малиот процент на вакцинирани. Само 20,7 милиони луѓе или 14 проценти од 146 милиони жители на Русија досега примиле барем една доза, а само 16,7 милиони или околу 11 проценти се целосно вакцинирани.
Московските власти соопштија дека компаниите не треба да им исплаќаат плати на вработените кои не сакаат да бидат вакцинирани и дека треба да им се заканаат дека привремено ќе го суспендираат работењето на компаниите шо не ја исполнуваат целта 60 проценти од работниците да добијат барем една доза до 15 јули, и двете до 15 август.