Над илјада и петстотини уметнички дела кои нацистите ги украле во триесеттите и четириесеттите години од минатиот век наводно биле пронајдени во Минхен, пишува германски Фокус.
Над илјада и петстотини уметнички дела кои нацистите ги украле во триесеттите и четириесеттите години од минатиот век наводно биле пронајдени во Минхен, пишува германски Фокус.
Станува збор за некои од најдобрите светски уметници како Матис, Пикасо и Шагал, а нивната вредност се проценува на неверојатни милијарда евра.
Уметничките дела биле организирано украдени или присилно откупени за мали пари од Евреи кои се занимавале со колекционерство.
Откритието било направено случајно, и тоа кога на почетокот на 2011 година била спроведена истрага за Корнелиус Гурлит, син на трговец со уметнички предмети кои не плаќал редовно данок па полицијата добила налог за претрес на неговата куќа.
Гурлит сликите ги чувал во замрачена просторија, а кога би му притребале пари, продавал дел од нив.
Доколку се утврди дека навистина станува збор за нацистичко богатство, ова ќе биде досега најголемото откритие на украдени уметнички предмети во светот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град