Децата подложни на изумрена болест

Болест за која се сметаше дека е искоренета се враќа на голема врата кај детската популација. Виновни се компјутерите, телевизијата, видео игрите. Дознајте повеќе.

 |  Маја Савиќ  | 
deca
деца

deca pred tvСтудија спроведена во Велика Британија ги вознемири родителите. Секое 5-то дете во Британија боледува од рахитис, болест на коските за која се сметаше дека е искоренета.

Рахитисот косеше во В. Британија во 19-тиот век и ги погодуваше главно децата од сиромашниот слој и се смета дека е победена во 30-тите години на минатиот век.

Меѓутоа, сега рахитисот се враќа и ги погодува децата од средниот економски слој. Болеста е предизвикана од недостаток на витамин D кој се синтетизира со престој на децата на сонце. Недостатокот на овај витамин ги омекнува косите на детето и тие се изобличуваат и виткаат.
Професорот Николас Кларк, кој ја водел студијата, за магазинот The Sun изјавил дека причина за пораст на рахитисот кај децата е модерниот начин на живот  во кој децата не поминуваат доволно време на сонце а и кога се надвор кожата им е целосно покриена.

Децата се повеќе време поминуваат во затворени простории покрај телевизор, компјутер или со видео игри. Исто така се помалку јадат свежи намирници а посебно риба која содржи витамин Д. За нормална дневна доза на витамин Д потребно е 20 мин. престој на сонце.

izvori vitamin D

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top