Турските деца побарале саканиот суперхерој на многу деца низ светот – Спајдермен, да се забрани во новиот Устав на земјата, соопштува електронското издание на весникот „Јени шафак“.
Во рамки на иницијативата на Министерството за семејство и социјална политика и УНИЦЕФ деца од сите турски окрузи, на возраст меѓу 10 и 13 години, пристигнале во Анкара, за да ги кажат своите очекувања од новиот Устав на Турција.
Незадоволни од насилството во детските филмови, некои од децата побарале во новиот Устав да се забрани Спајдермен. Други детски предлози, пак, биле забрана на браковите на лицата под 18-годишна возраст, вклучувајќи ги и случаите кога има согласност од родителите, и забрана на детскиот труд, пишува весникот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град