“дебела ***** која никој не би ја ****“

По преслушувањето на снимениот телефонски разговор на Силвио Берлускони со уредник на еден од италијанските весници во рамки на истрагата за сексуалните скандали која е во тек, во јавноста излезе и вулгарна изјава на сметка на германската канцеларка Ангела Меркел која ја споменал во тој разговор.

 |   | 
Merkel i Silvio
Меркел и Силвио

Merkel i SilvioПо преслушувањето на снимениот телефонски разговор на Силвио Берлускони со уредник на еден од италијанските весници во рамки на истрагата за сексуалните скандали која е во тек, во јавноста излезе и вулгарна изјава на сметка на германската канцеларка Ангела Меркел која ја споменал во тој разговор, јавува “Блиц“..

Со оглед на тоа дека сепак во прашање е дама, која притоа е и канцелар, најтиражниот германски весник “Билд“, кој пишува за овој случај, констатира дека Берлускони “вулгарно и недостојно се изразил за канцеларката Меркел, особено за нејзината фигура“, додека британскиот дневен весник “Дејли Меил“ изјавата ја пренесува нешто поконкретно, иако со голем број на ѕвездички, така што можеме да прочитаме дека Берлускони за германската канцеларка изјавил дека е “дебела ***** која никој не би ја ****“.

Ова притоа не е првата навреда упатена од Берлускони до германската канцеларка.

Имено, тој пред две години ја оставил Меркел да чека додека тој си зборувал на мобилен телефон, додека една година пред тоа, за време на нејзиното пристигнување во посета на Италија, ја дочекал скриен зад еден споменик и скокнал пред неа викајќи “ку – ку“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top