Данска ќе го укинува 8-ми март

Данската министерка за рамноправност Лике Фрис сака да го укине празнувањето на Меѓународниот ден на жените 8. Март во Данска и да го преобрази во ден на еднакви можности за жените и мажите.

 |  Маја Савиќ  | 
buket
букет

Данската министерка за рамноправност Лике Фрис сака да го укине празнувањето на Меѓународниот ден на жените 8. Март во Данска и да го преобрази во ден на еднакви можности за жените и мажите.

buket8 Март за првпат бил одбележан во Данска пред 100 години.

– Доволно беше со борбата на жените, смета данската министерка, која денешната дебата за рамнопрвност меѓу половите ја споредува со гето.

– Денеска е ситуацијата е таква да жените дискутираат само со жени, вели Лике Фрис во интервју за данскиот дневен весник “Политикен“.

За да го промени тоа, министерката Фрис ќе назначи посебна машка експертска панел група со цела да изготви предлози како мажите на ефикасен начин да се ангажираат околу прашањата поврзани со рамноправноста на половите.

– Но тие ќе ги посочат и подрачјата каде што мажите немаат исти можности. Можеби кога станува збор за образованието. Би сакала да добијам посеопфатни сознанија, потенцира Лике Крис.

На изјавата на Крис веднаш се огласија и критичарите. Експертот во областа на рамноправноста меѓу половите, Анет Боршорст, при данскиот Универзитет во Алборг смета дека е се уште присутен недостиг од жени на лидерски позиции и дека женските плати во просек се пониски.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top