Данок на чипс

Унгарскиот Парламент воведе данок на нездрава храна за да ги натера граѓаните да водат поздрав живот.

 |   | 
danok na fast food
danok na fast food

Унгарскиот Парламент усвои нов данок, со кој треба да се спречи дебелеењето на населението, односно да ги натера граѓаните да водат поздрав живот.

Согласно одлуката на Парламентот прекумерно солените и слатките готови производи, како и оние кои содржат премногу јагленохидрати и кофеин ќе бидат подложени на специјално оданочување, кое во Унгарија се нарекува „данок на чипс“.

danok na nezdrava hranaВо образложението на одлуката за усвојување на новиот данок Парламентот истакнува дека оваа мерка е донесена, бидејќи здравствената состојба на Унгарците е лоша. Направените студии изминативе години за начинот на исхрана на Унгарците и влијанието на нивното здравје покажале пораст на проблемите побрзани со прекумерното внесување на масти и сол.

Новиот данок, кој е усвоен вчера, стапува во сила на 1 септември.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top