Поранешниот разузнавач Едвард Сноуден можно е од самиот почеток да бил помаган од руската разузнавачка служба, тврдат американски конгресмени и сенатори.
Поранешниот разузнавач Едвард Сноуден можно е од самиот почеток да бил помаган од руската разузнавачка служба, тврдат американски конгресмени и сенатори.
Гостувајќи на телевизијата NBC, претседателот на Одборот за разузнавачки работи на Конгресот, Мајк Роџерс, го нарече Сноуден „крадач кој имал помош однадвор“ кога ги однел документите на НСА.
Сличен став изнесоа и неговата колешка од Сенатот Дајен Фајнстајн и конгресменот Мајкл Мекол, кој го води Одборот за државна безбедност.Тие велат оти е можно Русија да му помагала на Сноуден во кражбата на документите од НСА.
„Тој е крадец и веруваме дека работел со нечија помош. Сноуден не е случајно дочекан со радост во Москва. Потребно е да се дознае повеќе за тоа и не е случајно што ФСБ (руската служба за безбедност) е вмешана во неговото доаѓање“, оценува Роџерс.
Сноуден во моментот има привремен азил во Русија, а САД ги напушти во јуни минатата година кога на медиумите им достави податоци за програмата за надзор и интернет шпионирањето кое го спроведува НСА.
Американскиот претседател Барак Обама минатата седмица најави реформа во работењето на НСА, но нејзиниот правец на работа ќе остане сличен на сегашниот, додека, според неговите зборови, ќе биде лимитирано следењето на комуникациите на странските државници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град