“Чуварите на времето“ решаваат за укинување на “дополнителната секунда“

Доколку “дополнителната секинда“ биде укината, времето, односно должината на денот повеќе нема да се мери според положбата на Сонцето на небото, туку исклучиво според хај-тек часовниците кои на секои 100 години би покажувале околу 15 секунди повеќе.

 |   | 
clocks
часовници

clocks“Чуварите на времето“, кои синоќа се собрале во Женева за да расправаат за евентуално укинување на 40 години старата пракса на додавање на една секунда на неколку години, одлучиле оваа одлука да ја одложат за 2015 година.

Како што пренесуваат странските медиуми, експертите на Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ) не биле во состојба да постигнат договор за укинување на “дополнителните секунди“ (leap second) кои повремено се додаваат на атомските часовници за да останат синхронизирани со Земјината ротација, односно со нејзиното успорување во движењето околу нејзината оска, поради што повремено еден ден станува подолг.

За нејзино укинување посебно инсистираат САД и Франција, додека на тоа се противат Кина, Велика Британија и Канада.

Тоа значи дека светот, барем уште некое време, ќе ги усогласува своите часовници со Земјината ротација.

timeДоколку “дополнителната секинда“ биде укината, времето, односно должината на денот повеќе нема да се мери според положбата на Сонцето на небото, туку исклучиво според хај-тек часовниците кои на секои 100 години би покажувале околу 15 секунди повеќе.

“Дополнителната секунда“ досега е додадена 24 пати од кога пред 40 години ИТУ го востанови “координираното универзално време“ (УТЦ).

Следната промена е закажана непосредно пред полноќ на 30 јуни годинава, кога 23:59:59 ќе трае една секунда подолго.

Противниците на оваа пракса истакнуваат дека со приликата на додавање на една секунда, неопходно е рачно да се усогласат компјутерите во светот, што е многу скапа операција подложна на грешки.

Иако ние и не ја приметуваме оваа секунда, наведуваат тие, нејзините последици за телекомуникациските организации и финансиските групи можат да бидат огромни.

Должината на денот е одредена според Земјината ротација околу својата оска, а траењето на годината е одредено со движењето на Земјата околу Сонцето. Времето што е потребно Земјата да се сврти околу својата оска или околу Сонцето претставува еден ден, односно година.

Повремено, на секои четири години, имаме еден ден вишок кој е впишан во календарот (29 февруари). Но, ниту еден ден не трае секогаш точно 24 часа. Вишокот секунда за првпат се појавила во 1972 година и оттогаш таа се додавала отприлика на секои 18 месеци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top