Црна Гора и Косово во петок воспоставија дипломатски односи со размена на писма на министрите за надворешни работи Милан Рочен и Скендер Хисени, соопшти црногорската влада.
Црна Гора и Косово во петок воспоставија дипломатски односи со размена на писма на министрите за надворешни работи Милан Рочен и Скендер Хисени, соопшти црногорската влада.
Шефот на црногорската дипломатија во писмото до косовскиот колега изразил очекување дека положбата на црногорската заедница на Косово ќе биде трајно решена.
„Ова ќе придонесе за подобра меѓусебна доверба и традиционална почит која ја негуваат нашите пријателски народи во интерес на заедничките добра и јакнењето на регионалната стабилност и брзите достигнувања на заедничките европски и евроатлански цели“ се наведува во писмото на Рочен.
Црна Гора на 9 октомври 2008 година го призна Косово по што Белград го протера црногорскиот амбасадор. Дипломатските односи се нормализираа една година подоцна кога новиот црногорски амбасадор Игор Јововиќ му ги предаде акредитивите на српскиот претседател Борис Тадиќ.
Србија и сугерираше на Црна Гора да причека со чинот на воспоставување на дипломатски односи со Косово до одлуката на Меѓународниот суд за правда во Хаг.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град