Според Глобалниот индекс за организиран криминал, Црна Гора е рангирана на прво место во Европа и на 14-то место во светот кога станува збор за трговија со дрога, а четврта во Европа по криминал, по Русија, Србија и Украина и 45-та во светот, јави РТЦГ.
Според Глобалниот индекс за организиран криминал, Црна Гора е рангирана на прво место во Европа и на 14-то место во светот кога станува збор за трговија со дрога, а четврта во Европа по криминал, по Русија, Србија и Украина и 45-та во светот, јави РТЦГ.
Кога станува збор за отпорот кон криминалот, како што е наведено во Институтот за алтернативи, од 44 европски земји, Црна Гора е на 38-то место и 112-то место во светот.
Се наведува дека хероин од Албанија и Косово се шверцува за Србија и земјите од Европската унија и дека криминалните групи поврзани со тие дејности се карактеризираат со одредено ниво на насилство. Црна Гора, се посочува дека е главната влезна точка за кокаин шверцуван во ЕУ преку Балканот, претежно од Латинска Америка.
Пазарот на кокаин е контролиран од неколку мафијашки групи, особено клановите „кавачки” и „шкаљарски”, се наведува во извештајот.
Марихуаната исто така се криумчари преку Црна Гора од Албанија во Србија и БиХ. „Најголемите заплени на дрога се канабисот, кој е најконсумиран во земјата – стои во Глобалниот индекс за организиран криминал.
Кога станува збор за нелегална продажба на оружје, Црна Гора е една од најважните транзитни рути во регионот, од Србија кон Блискиот Исток, од Русија до Северна Африка (претежно до Либија) и од Балканот до Западна Европа, како и од БиХ до Србија и Косово.
Оружјето најчесто се шверцува со легален товар во приватни возила – се вели во извештајот.
Во извештајот се дадени и податоци за трговија со луѓе. Од 2015 до 2019 година биле идентификувани само 22 жртви, но формите на трговија со луѓе и ропство во служба на компјутерскиот криминал стануваат се пософистицирани.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град