Моамер Гадафи ќе ги чува во затвор членовите на Ал Каеда, за секој случај.
Либија ќе задржи во затвор 300 членови на Ал Каеда на неодредено време и по одслужувањето на казната како би ги спречила да спроведат нови напади, рече либијскиот челник Муамер Гадафи.
“Тие луѓе се еретици.Тие се следбеници на Осама бин Ладен и Ајман ал Завахири и одговорни се за смртта на многу цивили и полицајци” – рече Гадафи на Општиот народен конгрес на либиското законодавно тело.
“Неопходно е да бидат задржани во затвор.Тие се многу опасни и спремни да продолжат со убиствата по нашите улици или да отпатуваат во Алжир или Египет и да извршат напади” – изјави Гадафи во преносот на националната телевизија.
Сеуште не е јасно дали ваквите изјави на Гадафи значат крај на владината политика на барање за помирување со затворените водачи на Либијската исламска борбена група (LIFG), радикална група поврзана со Ал Каеда.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град