Напаѓачот кој синоќа во англискиот град Плимут застрела и уби пет лица, меѓу кои и петгодишно дете, е Џејк Дејвисон, млад човек 20-на години.
Напаѓачот кој синоќа во англискиот град Плимут застрела и уби пет лица, меѓу кои и петгодишно дете, е Џејк Дејвисон, млад човек 20-на години.
Полицијата објави дека напаѓачот бил пронајден мртов на лице место и дека имал прострелна рана, но неговиот идентитетот сеуште не е официјално потврден.
Иако живеел во Плимут, на неговата Фејсбук страница било наведено дека потекнува од американскиот град Феникс. Тој го поддржувал поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп на социјалните мрежи и споделил бројни статуси за истражување на вселената. Наводно, тој работел за компанија која објави откази за илјада свои работници во април.
Медиумите пишуваат дека Дејвисон е десничар кој е опседнат со американската култура на оружје. Неговиот Фејсбук е полн со американска пропаганда, како слика на орел пред знаме и слика на статуа на која е прикажан колонијален земјоделец.
Дејвисон има и страница на Јутјуб каде зборува за неговиот неуспешен љубовен живот.
Многу сум пропуштил како тинејџер, се надевам дека ќе можам да надокнадам … Не се залагам за ова, но ако треба, можеби дури и ќе се обидам да конзумирам дрога и да надокнадам, можеби се*с на кокаин или нешто друго. Можеби тоа ќе го надомести пропуштеното тинејџерско искуство – вели тој во едно видео на Јутјуб.
Пред само две недели, Дејвисон зборувал за тоа колку е тешко да се „има волја“ кога „животот никогаш не те наградил“. Во другите видеа, тој се жали и зборува дека има опрема за убивање.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град