Претседателот на Венецуела Уго Чавес изјави дека американската државна секретарка Хилари Клинтон е „русокоса“ верзија на својата претходничка Кондолиза Рајс, со која тој често разменуваше груби зборови.
– Таа за мене е како Кондолиза Рајс, русокоса Кондолиза, рече Чавес и додаде дека Клинтон е исто толку агресивна колку што беше Рајс.
– Таа доаѓа во Бразил да не провоцира, да се обиде да внесе раздор меѓу нас и нашите браќа, рече тој.
Клинтон минатата недела за време на посетата на Латинска Америка рече дека политиката на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама придонесува за ублажување на критиките на сметка на САД кои доаѓаат од левичарските лидери како што е Чавес.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град