Чешкиoт парламент денеска гласа за недоверба на Владата на Мирек Тополанек

Премиерот на Чешка Мирек Тополанек, чија земја е ротациски претседател со ЕУ, денеска е исправен пред решавачко гласање за недоверба во парламентот, пренесе Франс прес.

 |  Крсте Голабовски  | 
Mirek Topolanek
Мирек Тополанек

Премиерот на Чешка Мирек Тополанек, чија земја е ротациски претседател со ЕУ, денеска е исправен пред решавачко гласање за недоверба во парламентот, пренесе Франс прес.

„Како одговорен државник треба да сум подготовен за сите варијанти, рече тој и додаде дека веројатно ќе го преживее и ова петто по ред гласање недоверба, откако во 2007 година беше формирана десноцентристичката Влада.

Во спротивен случај , владеачката Граѓанската демократска партија (ГДП) ќе го поддржи најбрзиот пат кон предвремени парламентарни избори во текот на летото, додаде лидерот на либералната десница.

По серијата внатрешни спорови и разлики, чешката Влада на ГДП, христијандемократите и зелените сега ја имаат поддршката од само 96 од вкупно 200 пратеници во парламентот.

Mirek Topolanek Опозициските социјалдемократи и комунисти имаат 97 пратеници.

За да мине гласањето за недоверба се потребни 101 глас. Тоа значи дека опозицијата треба да ја добие поддршката на уште четворица од седумте независни пратеници.
Тополанек ги повика независните пратеници да не гласаат против Владата, истакнувајќи дека гласањето недоверба кон владеачкото мнозинство во време на криза е неодговорна појава.

Тој, меѓутоа, ја отфрли идејата власта да ја преземе претходната Влада на независни експерти пред крајот на чешкото ротациско претседателство со ЕУ, на 30 јуни.
Социјалдемократите го поднесоа барањето за ова последно гласање недоверба, откако советник на премиерот беше обвинет дека вршел притисок врз државната телевизија да не емитува критична репортажа за поранешен пратеник на социјалдемократите, кој сега ја поддржува власта.

{loadposition content9}

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top