Чешката полиција во центарот на Прага откри деца кои никогаш не излегле од дома. Приказната за тригодишното момче и едно и полгодишното девојче, кои се родени во домашни услови и не знаат како изгледа надворешниот свет, ја објави чешкиот весник „Млада фронта днес“.
Децата немаат изводи на родени и иако биле добро хранети, биле психички депримирани и реагирале со изненадување на играчки.
Родителите на децата го криеле нивното раѓање и ги чувале затворени сметајќи дека така ќе ги заштитат од негативните влијанија на надворешниот свет. Полицијата информираше дека во моментот децата се кај нивните баба и дедо, а нивните родители, приврзаници на алтернативниот начин на живот го изгубиле интересот за децата, „бидејќи се допрени од некој друг“. Нема сознанија дали родителите кривично ќе одговараат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град