Цените на нафтата во слободен пад

Цената на нафтата денеска бележи нов пад на меѓународните пазари, откако вчера потона за цели 10 отсто. Вчерашниот пад е поткрепен од стравот дека скапата нафта може да ја поткопа побарувачката и да го забави заздравувањето на економијата.

 |  Маја Савиќ  | 
cena na naftata
цена на нафтата

Цената на нафтата денеска бележи нов пад на меѓународните пазари, откако вчера потона за цели 10 отсто. Вчерашниот пад е поткрепен од стравот дека скапата нафта може да ја поткопа побарувачката и да го забави заздравувањето на економијата.

Барелот сирова нафта на лондонската берза падна за 1,98 долари, и изнесува 108, 82 долари. На американските берзи цената на нафтата падна за 2,34 долари и изнесува 97,46 долари.

Вчера цената на лондонската берза потонаа за повеќе од 10 долари, забележувајќи минус поголем од 12 долари, најголем во историјата на тргувањето, кој е предизвикан од падот на поширокиот пазар на суровини кои го зголемија стравот во врска со стопанското заздравување на САД и Европа, со оглед на низата лоши економски показатели.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top