Чавес отстрани огромна реклама за „Пепси“

Венецуелските власти денеска наложија остранување на џиновска рекламна топка за „Пепси Кола“ која, бидејќи се гледало од речиси сите краеви на градот, била еден од симболите на престолнината Каракас.

 |  Маја Савиќ  | 
pepsi
pepsi

pepsiВенецуелските власти денеска наложија остранување на џиновска рекламна топка за „Пепси Кола“ која, бидејќи се гледало од речиси сите краеви на градот, била еден од симболите на престолнината Каракас.

Оваа рекламна топка со црвено-сина-бела боја, монтирана на врвот на еден облакодер во центарот на Каракас, Владата на претседателот Уго Чавез ја оцени како несакан симбол на капитализмот, кој освен тоа не почитува архитектонски и урбани прописи.

Канцеларијата на градоначалникот на Каракс објави дека локалната филијала на фирмата „Пепси“, со која раководи водечката венецуелската компанија со сектор за храна и пијалоци „Емпресас Полар“, ќе биде казнета со околу 18 илјади долари поради тоа што немало дозвола за рекламирање на „Пепси Кола“.

Hugo Cavez

Во „Полар“ тврдат дека ги имаат сите потребни дозволи па поднеле жалба на владината одлука. Во оваа компанија истакнуваат дека се работи за рекламната икона на Каракас и за производот во кои уживаат милиони Венецуелци.

Главниот булевар, како и блоковите на високите згради на Каракас традиционално беа преплавени со реклами и неонси светла, но од неодамна се почесто ги заменуваат владините пароли, како што е „Социјализам или смрт“.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top