Карла Бруни-Саркози во интервју за француската телевизија ТФ 1, рече дека „никогаш нема да го изложи“ нејзиното идно бебе пред медиумите, „ниту ќе покаже фотографии од тоа дете“.
– Ќе направам се за да го заштитам тоа дете и ќе се грижам за тоа на најстрог начин. Никогаш нема да покажам фотографија од детето. Мислам дека изложувањето на јавниот живот е избор на возрасните, рече Карла Бруни, додавајќи дека не знае дали нејзиното идно дете е машко или женско.
– Син ми (Орелиан) еднаш се најде изложен во јавноста наоѓајќи се во приватна ситуација (за време на посетата на Петра со Никола Саркози) и тоа беше голема грешка, никогаш не требаше да го земам со мене да го посети ова прекрасно место. Требаше да предвидам дека таму ќе има фотографи, бев невнимнателна, додаде првата дама на Франција.
Никола и Карла Саркози никогаш официјално не соопштија дека чекаат бебе, но во интервјуто Карла понатаму рече: „Ова го правам можеби како рефлекс на мајка заштитиничка. Никогаш не правиме дете за галерија и позицијата на сопруга на шефот на државата ме направи уште повеќе воздржана. Го разбирам интересот на медиумите и не гледам пречки за мене и за сопругот. Но, кога станува збор за децата тоа е невозможно за мене.“
Карла Бруни-Саркози тврди дека не знае дали нејзиниот сопруг ќе биде кандидат за втор мандат на претседателските избори во 2012 година, тврдејќи дека Никола „бил изменет“.
– Според мое мислење функцијата претседател на републиката би променила кој било. Тој е постар и е посмирен, додаде сопругата, која очигледно е во предизборна кампања во полза на нејзиниот сопруг, бидејќи неговата кандидатура за втор мандат е повеќе од сигурна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град