• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Свет
  • Бунтовничкото кинеско село кое и кажа „НЕ“ на Комунистичката партија ќе изумре од глад

Бунтовничкото кинеско село кое и кажа „НЕ“ на Комунистичката партија ќе изумре од глад

Бунтовничкото село Вукан во Кина, кое од пред извесно време не е под контрола на Комунистичката партија и се наоѓа под полициска опсада има залихи од храна за само десетина денови, пишува лондонскиот весник „Дејли телеграф“.

 |   | 
ziteli na Wukan protiv vlasta
ziteli na Wukan protiv vlasta

ziteli na Wukan protiv vlastaБунтовничкото село Вукан во Кина, кое од пред извесно време не е под контрола на Комунистичката партија и се наоѓа под полициска опсада има залихи од храна за само десетина денови, пишува лондонскиот весник „Дејли телеграф“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, селото кое стана познато низ цела Кина и во светот од неделата е блокирано од сите страни од бројни полициски сили, откако полицајците претходно не успеаја да ги натераат селаните да се предадат.

Поради тоа во Вукан нема никаков дотур на храна, ниту на вода, а никој од жителите на селото не смее да го напушти.

policiska opsadaСудирот меѓу селаните и власта настана во септември, кога жителите на Вукан се спротивставија на решението дел од селската површина да му се даде на користење на еден од најпознатите и најбогати кинески сопственици на недвижен имот.

Почнаа преговори, кои меѓутоа, не дадоа никаков резултат. Гневот значително порасна, откако еден од главните преговарачи на селаните умре во полицискиот затвор. Неговите најблиски тврдат дека човекот е убиен од полицијата. Веднаш по тој инцидент сите претставници на Комунистичката партија во селото го напуштија Вукан, а потоа неговите жители беа прогласени за бунтовници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top