Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека ГЕРБ дошле на власт со волјата на луѓето и дека на истиот начин повторно ќе ја бараат довербата од народот.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека ГЕРБ дошле на власт со волјата на луѓето и дека на истиот начин повторно ќе ја бараат довербата од народот.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов од трибината на парламентот изјави дека на седницата на министерскиот совет, која ќе се одржи денеска на пладне, најави дека ќе поднесе оставка на Владата. Борисов рече дека ГЕРБ дошле на власт со волјата на луѓето и дека на истиот начин повторно ќе ја бараат довербата од народот. Тој беше категоричен дека вчера Владата направила максимум, за да одговори на барањата на демонстрантите и дека повеќе од ова не може да се направи.
„Им благодарам на сите што не подржаа. Денеска нема да правиме структурни промени. Сега си одиме, а на пладне, според процедурите ќе ја понудам оставката на владата. Се надевам дека таа според соодветната постапка ќе биде прифатена. Ви посакувам убав ден“, рече Борисов.
Премиерот неколку пати истакна дека не може и не сака да гледа крв по улиците, ниту пак сака да гледа како полицијата доаѓа во судир со граѓаните. Тој додаде дека нема да учествува во работата на преодната влада.
Оставката доаѓа како реакција на неколкудневните протести, кои беа иницирани од високите сметки за струја, а потоа прераснаа и во анти-владини демонстрации. Премиерот Борисов се обиде да ја смири ситуацијата со разрешување на министерот за финансии Симеон Џанков и ветување дека ќе биде намалена цената на струјата и дека ќе биде казнета чешката компанија – дистрибутер на електричната енергија.
На вчерашните протести во Бугарија дојде и до судири со полицијата, при што 25 лица беа повредени.
Борисов ја презеде власта во јули 2009 година. Редовните парламентарни избори треба да се одржат во јули, но според аналитичарите во Бугарија, можно е гласањето да се одржи во крајот на април.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град