Бугарија прогласи епидемија на грип

Епидемија од новиот грип на целата територија на Бугарија прогласи во петок министерството за здравство во Софија.

 |  Крсте Голабовски  | 
nositel
носител

Епидемија од новиот грип на целата територија на Бугарија прогласи во петок министерството за здравство во Софија.

virusБугарија, како што се наведува веќе го надмина условот за прогласување на епидемија – 200 заболени на 10 илјади жители, а досега од новиот грип починаа шест лица.
Во услови на епидемија од понеделник ќе бидат затворени училиштата во земјата, а дополнително ќе биде одлучено дали клуч на врата да стават и градинките и универзитетите.Посетите во болница, редовните контроли на бремените жени и на децата се откажуваат, а планираните операции се одложуваат.Властите не наредија затворање на кино салите, театрите и другите јавни објекти, но им препорачаа на луѓето да избегнуваат гужви.

Засега ниту една држава членка на ЕУ или фармацевтска компанија не се одзва на апелот на Бугарија за дополнителни залихи на лекови, бидејќи Софија има проблем и со недостиг на лекови за грипот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top