Бројот на починати од труење со алкохол во Русија се искачи на 26

Руските власти соопштија дека бројот на луѓе кои починале по пиење алкохол кој содржел етанол се искачил на 26 лица, додека истражителите привеле и други луѓе во јужниот регион Оренбург.

 |   | 

Руските власти соопштија дека бројот на луѓе кои починале по пиење алкохол кој содржел етанол се искачил на 26 лица, додека истражителите привеле и други луѓе во јужниот регион Оренбург.

Новинската агенција Интерфакс денеска исто така цитираше претставници на локалната самоуправа кои велат дека 28 лица биле хоспитализирани.

Локалните вести велат дека најмалку шест лица се приведени од објавувањето на првите извештаи за заболување на луѓето од 7 октомври.

Меѓу приведените се еден маж кој бил уапсен за наводно дестилирање на алкохолот во неговата куќа и тројца други за дистрибуција на алкохолот во локалните продавници.

Труењата од домашно произведен алкохол се редовна појава во Русија, бидејќи луѓето бараат поевтини опции од вотката што се купува во продавниците.

Во декември 2016 година 78 луѓе починаа во и околу сибирскиот град Иркутск, откако пиеле лосион за бањи кој содржел метанол – токсичен вид индустриски алкохол.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top