Бројот на екстремно топли денови, во кои температурата достига 50 степени целзиусови, се дуплирале од 1980-тите години, покажува глобална анализа на Би-Би-Си.
Бројот на екстремно топли денови, во кои температурата достига 50 степени целзиусови, се дуплирале од 1980-тите години, покажува глобална анализа на Би-Би-Си.
Истовремено ваквиве денови се случуваат во многу повеќе места од светот отколку претходно, што претставува предизвик по здравјето и по начинот на живот како никогаш досега.
Вкупниот број денови преку 50 степени се зголемувал секоја деценија од 1980-та година. Во просек, помеѓу 1980-та и 2009-та температурите преминале 50 степени околу 14 денови во годината. Оваа бројка е зголемена на 26 денови во периодот меѓу 2010 и 2019.
„Зголемувањето може 100% да се припише на горењето фосилни горива“, објаснува д-р Фредерике Ото, помошник директорка во Институтот за еколошки промени на Универзитетот во Оксфорд.
Поради глобалното загревање, екстремните температури стануваат многу поверојатни. Високите жештини можат да бидат смртоносни и за луѓето и за природата и предизвикуваат големи проблеми на инфраструктурата, како патиштата, енергетските системи и зградите.
Температурите од 50 степени доминантно се случуваат во Блискиот Исток и Персискиот Залив.
По рекордните температури од 48,8 степени во Италија и 49,6 степени во Канада ова лето, научниците предопредија дека деновите со температури ќе се случуваат насекаде доколку не се ограничат емисиите со фосилните горива.
„Мораме да дејствуваме брзо. Што побрзо ги намалиме емисиите, толку подобро ќе биде за сите нас“, вели д-р Сихан Ли, климатскa истражувачка на Школата за географија и екологија од Универзитетот во Оксфорд.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град