Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо пред натпреварот на Африканскиот куп на нации во Камерун, пишува Би-Би-Си.
Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо пред натпреварот на Африканскиот куп на нации во Камерун, пишува Би-Би-Си.
Видеата покажуваат дека фудбалските фанови се борат да добијат пристап до стадионот Пол Бија во главниот град Јаунде. Едно дете е меѓу загинатите, според извештајот на Министерството за здравство до кој дојде новинската агенција АФП.
Во друг извештај се наведува дека одреден број деца ја изгубиле свеста. Стадионот има капацитет од 60.000 гледачи, но поради ковид ограничувањета не требаше да биде исполнет повеќе од 80 проценти. Се наведува дека официјалните лица на натпреварот изјавиле дека околу 50.000 луѓе се обиделе да присуствуваат на натпреварот.
На натпреварот беше и новинарката Леокадија Бонгбен. Таа за програмата на Би-Би-Си Њуздеј изјави дека го видела метежот кој доаѓа од една од „фан-зоните“ надвор од стадионот.
Луѓето почнаа да викаат. Една минута потоа на стадионот дојде брза помош, но кога стигнавме на местото, полицијата не ни дозволи да се приближиме до стампедото – рече таа наведувајќи дека добила список од осум лица кои ги загубиле животите.
„Навистина е прилично тажна ситуација луѓето да одат да гледаат натпревар и таму да умираат“, рече Бонгбен.
Африканската фудбалска конфедерација (CAF) во соопштение наведе дека „во моментов се истражува ситуацијата“ и дека се прават обиди да се добијат повеќе детали за тоа што се случило.
Последниот 16-ти натпревар меѓу Камерун и Коморос се одржа и покрај инцидентот и завршија со победа на домаќините од 2-1.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град