Бројот на жртви од земјотресот во Турција расте

Замјата продолжува да се тресе. Во земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер, кој рано утринава ја погоди Турција, до овој момент погинаа 40-тина лица. Епицентарот на земјотресот бил во Источна Турција, 626 км. источно од Анкара.

 |  Маја Савиќ  | 
zemjotres
земјотрес

zemjotresЗамјата продолжува да се тресе. Во земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер, кој рано утринава ја погоди Турција, до овој момент погинаа 40-тина лица. Епицентарот на земјотресот бил во Источна Турција, 626 км. источно од Анкара.
Еден од градоначалниците на регионот за медиумите изјавил дека бројот на загинати се искачил на 57.
Земјотресот е забележан во 4:23 часот по локално време околу 10 км. во длабочина на земјината кора. По првиот земјотрес тлото се тресело уште 20 пати. Куќите во три села кои се најблиску до епицентарот се срамнети со земја.Најтешко погодено е селото Окцулар, во кое има 17 жртви а сите куќи се срушени. Голем е бројот на повредени кои за да се спасат скокале од балкони и прозори.
Земјотресите се честа појава во Турција која лежи на едно од сеизмички најенергичните подрачја во светот. Од 1939 година до денес на тој Северно анатолски басен забележани се 8 разорни земјотреси со магнитуда од 7 степени и повеќе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top