Кинеската државна новинска агенција Синхуа соопшти дека бројот на загинатите во етничките судири во западниот регион Ксингџијанг нараснал од 156 на 184.
Кинеската државна новинска агенција Синхуа соопшти дека бројот на загинатите во етничките судири во западниот регион Ксингџијанг нараснал од 156 на 184.
Според агенцијата, 137 од загинатите се од кинеското етничко мнозинство Хан, додека 46 од малцинството Ујгурци, кои во најголем дел се муслимани.
Кинески владини претставници велат дека судирите започнале во неделата кога Ујгурци најпрвин нападнале Хан Кинези. Тие, пак, два дена подоцна излегле на улиците вооружени со ножеви, плаки и друго оружје, барајќи одмазда против Ујгурците. Биле уапсени најмалку 1,434 лица.
Во петокот – традиционален ден за муслимански молитви, властите наредија џамиите во местото Урумчи и во петок да останат затворени, во обид да спречат нови насилства. Но, некои сепак беа отворени, и стотици верници се собраа пред нив, игнорирајќи го присуството на безбедносните сили на улиците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град