Патнички брод со околу 100 лица потона во река во Бангладеш

Околу 100 лица се водат за исчезнати откако патнички ферибот се судри со товарен брод и потонал во река во Бангладеш.

 |  Крсте Голабовски  | 
brod
брод

Околу 100 лица се водат за исчезнати откако патнички ферибот се судри со товарен брод и потонал во река во Бангладеш.

Фериботот, на кој се наоѓале околу 150 патници, потонал во реката Киртонхола во реонот на Барисал, на околу 170 километри од бангладешкиот главен град Дака.
Пронајдено е телото на еден удавен патник, а околу 50 патници на фериботот биле спасени.
Властите соопштија дека се обидуваат да го утврдат местото на потонатиот брод, додавајќи дека товарниот брод, со кој се случил сударот, е задржан.

reka Медиумите објавија дека повеќето од патниците на фериботот се качиле без купени карти, што е вообичаено на домашните водни патишта во Бангладеш, каде често се случуваат инциденти со голем број жртви поради претоварување на бродовите и негрижа на екипажот.

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top