Брнабиќ: Србија ќе се врати во нормала од јуни

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека верува дека нејзината земја ќе се врати во нормален живот од јуни и дека желбата на владините претставници е да се укинат анти-епидемиолошките мерки на Светскиот ден на музиката, 21 јуни.

 |   | 

Говорејќи на ТВ Пинк, таа изјави дека тоа е предлог на „индустријата за настани“ и дека во моментов е загрижена за малиот процент вакцинирани млади луѓе на возраст под 30 години.
Во таа категорија на население, вакцинирани се само 12 проценти. Ќе видиме дали дотогаш ќе можеме да ја надминеме епидемијата, функционираме добро во овој момент, но бевме оптимисти и минатото лето, па бројките почнаа да растат. Она што е важно за нас е луѓето да се вакцинираат што е можно поскоро. Утре доаѓаат уште Фајзер вакцини, нема проблем со тоа, истакна Брнабиќ.

Коментирајќи ги дигиталните сертификати за вакцинација, таа рекла дека Србија е прва или втора земја што започнала да ги применува.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top