Британскиот принц Ендрју осомничен за сексуална злоупотреба

На британскиот принц Ендрју ќе му се суди во Њујорк за наводна сексуална злоупотреба на жена која тврди дека била „најмена“ за секс кога била малолетничка, со посредство на починатиот американски финансиер Џефри Епстин.

 |   | 

На британскиот принц Ендрју ќе му се суди во Њујорк за наводна сексуална злоупотреба на жена која тврди дека била „најмена“ за секс кога била малолетничка, со посредство на починатиот американски финансиер Џефри Епстин.

Во обвинението поднесено до Окружниот суд во Менхетн, се наведува дека Вирџинија Џуфре е тужителка во случајот против обвинетиот, „принцот Ендрју, војводата од Јорк“. Џуфре тврди дека била „редовно злоупотребувана од Епстин и ангажирана за други моќни мажи, заради сексуална експлоатација“.

Еден таков моќен човек беше обвинетиот, принцот Ендрју – обвинува Џуфре.

Според тужбата, принцот Ендрју сексуално ја злоупотребил во стан во Лондон, сопственост на девојката на Епстин, Гислејн Максвел. Тоа се случило пред повеќе од 20 години, кога жртвата имала под 17 години.

Епстин, Максвел и принцот Ендрју ја принудиле тужителката, која во тоа време била малолетна, да има секс со принцот Ендрју против нејзина волја – се наведува во обвинението.

Принцот Ендрју (61) категорично ги отфрли обвинувањата дека имал секс со Џуфре и изјави дека не се сеќава дека ја сретнал. Но, овие тврдења го нарушија угледот на британското кралско семејство.

Вториот син на кралицата Елизабета Втора се повлече од кралските должности во 2019 година поради неговото претходно пријателство со Епстин.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top