Некои британски ветерани од војната во Авганистан си го одзедоа животот, погодени и очајни поради хаотичното повлекување на силите предводени од САД и победата на талибанците, изјави денеска министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Џејмс Хипи.

Британија загуби 457 војници во Авганистан, односно околу 13 проценти од жртвите меѓу 3.500 сојузнички сили од 2001 година, потсетува „Ројтерс“.
За жал, имаше војници кои служеа во Авганистан, вклучително и војници од мојата последна посета на Авганистан, кои минатата недела си го одземаа животот поради чувствата што им се јавија по последните настани во Авганистан“, рече Хипи.
Според Хипи, кој служеше војска во Авганистан, Северна Ирска и Ирак, сето тоа е „многу загрижувачки и вознемирувачки“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град