Британски политичари ќе одговараат за кражба

Четворица британски политичари се соочуваат со кривични обвиненија околу побарувањата за надомест на своите трошоци.

 |  Маја Савиќ  | 
London
Лондон

Britanski politicariЕлиот Морли, Дејвид Чајтор, Џим Дивајн и Лордот Ханингфилд
Елиот Морли, Дејвид Чајтор, Џим Дивајн и Лордот Ханингфилд се соочуваат со обвиненија
Четворица британски политичари се соочуваат со кривични обвиненија околу побарувањата за надомест на своите трошоци.

Главниот обвинител ги посочи – се работи за еден член на опозициските Конзервативци и тројца пратеници на Лабуристичката партија.

Сите тие се соочуваат со повеќе обвиненија кои спаѓаат под Законот за кражба. Сите четворица негираат дека го прекршиле законот.

Тројцата пратеници соопштија дека парламентарната комисија е таа која треба да ги примени правилата околу нивните побарувања и оти тие остро ќе ги бранат своите ставови.

Во драматично соопштение, директорот на јавното обвинителство ги изнесе обвинувањата – сите за погрешно сметководство според законот за кражба.

Лабуристичкиот пратеник Дејвид Чајтор се соочува со три обвиненија меѓу кои и наводно дека нечесно побарувал речиси 13 илјади фунти за изнајмување стан чиј сопственик бил всушност тој.

Меѓу двете обвиненија против неговиот сопартиец Елиот Морли е и она за нечесно побарување надомест од 16 илјади фунти за станбениот кредит за објект за кој кредитот бил исплатен.

Тие објавија заедничко соопштение во кое велат дека целосно ги отфрлаат обвинувањата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top