Британската полиција запленила 360 килограми хероин

Најголемата заплена на дрога на британската полиција во историјата почнала со акција на граничните полицајци кои на лондонскиот аеродром Хитроу, на почетокот на овој месец отворил пратка од Јужно африканската република (ЈАР), а во неа меѓу сувенирите се наоѓале 165 килограми хероин.

 |  Крсте Голабовски  | 
heroin
хероин

Најголемата заплена на дрога на британската полиција во историјата почнала со акција на граничните полицајци кои на лондонскиот аеродром Хитроу, на почетокот на овој месец отворил пратка од Јужно африканската република (ЈАР), а во неа меѓу сувенирите се наоѓале 165 килограми хероин.

HithrowГраничните полицајци за заплената ја известиле британската Агенција за организиран криминал која пак во претрес на куќа во Кент пронашле уште дрога. Акцијата успешно се проширила и во градот Дурбан во ЈАР. Количината на запленетата дрога на крајот изнесувала 350 килограми хероин и 6500 килограми смола од канабис, пишуваат британските медиуми.

На улиците во Британија тоа количество дрога вреди 25 милиони фунти. Во меѓународната полициска акција уапсени се седум лица, од кои пет во ЈАР и две во Велика Британија. Иако првобитната пратка е откриена пред една недела до крајот на акцијата медиумите во Британија не дознале ништо за случајот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top