Британската кралица бара собарки

Бакингемската палата во Лондон распишала оглас дека бара собар или собарка, кои би работеле за 17.400 евра годишно за осумчасовно работно време , пет дена неделно со вклучено сместување и бесплатна храна, пренесува агенцијата „Асошиејтид Франс прес“.

 |  Голабовски Крсте  | 
sobarka
собарка

Бакингемската палата во Лондон распишала оглас дека бара собар или собарка, кои би работеле за 17.400 евра годишно за осумчасовно работно време , пет дена неделно со вклучено сместување и бесплатна храна, пренесува агенцијата „Асошиејтид Франс прес“.

послугаОттаму бараат личност која ќе биде задолжена за одржување на кралските купатила, за чистење, презентација и грижа за гостите во официјалната резиденција на британската кралица Елизабета Втора.

Во должноста на овој персонал се вклучува и носење на работите на хемиско чистење, грижа за накитот, подготвување купки, помагање околу облекувањето, како и аранжирање на сервисот за чај и појадок.

Работникот е одговорен и за одржување на теписите, мебелот, античкиот мебел, уметничките дела, рамките за слики, огледалата и сребрените и месинганите детали.Заинтересираните за оваа работа мора да бидат педантни и да обрнуваат внимание на деталите, но и да бидат расположени три месеци годишно да работат надвор од Лондон.

Во огласот, на интернет-страницата на кралската резиденција, пишува дека новите вработени ќе работат во близина на членовите на кралското семејство и дека мора да бидат лојални и дискретни.

Инаку кралското домаќинство во моментот брои околу 800 вработени, кои се грижат за 775 соби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top