Британците велат „НЕ“ за романските и бугарските имигранти

Романскиот министер за надворешни работи Титус Корлецјан го повикал премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, да го отфрли ксенофобичниот и популистичкиот, а понекогаш и расистичкиот став, во врска со стравувањата од од големиот број на имигранти, од Бугари и во  Велика Британија, пишува британскиот весник „Дејли експрес“.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

politicarМинистерот посочил уште во интервјуто за британската телевизија „Кенал 5“ дека не верува дека ќе има „проток“ од Романци во Велика Британија, бидејќи оние кои сакале да ја напуштат Романија, веќе го сториле тоа.

Корлецјан посочи дека Велика Британија не е најпосакувана земја од страна на Романците, бидејќи Британија не е единствената држава во ЕУ, а од први јануари 2014 година и многу други држави членки на Европската унија ќе укинат ограничувањата за патување.

Во Велика Британија со месеци продолжува кампањата против приливот на бугарски и романски имигранти, откако ќе бидат укинати ограничувањата на пазарот на трудот од почетокот на 2014 година. Голем број британски политичари од различни партии предупредуваат за ризиците во британскиот социјален и здравствен систем, за проблеми со домувањето и за евентуално зголемување на криминалот.

Минатата недела државниот министер во Министерството за внатрешни работи, одговорен за имиграцијата, Марк Харпер, изјави дека Владата не е свесна за големината на претстојната имиграција на Бугари и Романци, но се надева дека мнозинството од нив ќе ја претпочитаат Германија, Италија или Шпанија наместо да одат во Велика Британија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top