Бразил повлече 12 милиони вакцини „Синовак“

Бразилскиот федерален здравствен регулатор Анвиса ја суспендираше употребата на над 12 милиони дози на вакцината за ковид -19 развиена од кинеската компанија Синовак, и произведена во неовластена фабрика.

 |   | 

Бразилскиот федерален здравствен регулатор Анвиса ја суспендираше употребата на над 12 милиони дози на вакцината за ковид -19 развиена од кинеската компанија Синовак, и произведена во неовластена фабрика.

Анвиса во петокот соопшти дека го предупредила Бутанскиот институт во Сао Паоло, биомедицински центар кој во партнерство со Синовак локално ги полнел и ги довршувал вакцините, дека 25 серии, или 12,1 милиони дози, биле направени во неовластена фабрика, и испратени во Бразил. 

„Производната единица не е прегледана и Анвиса не даде одобрение за итна употреба на споменатата вакцина“, рече регулаторот.

Според соопштението, забраната е мерка на претпазливост со цел да се избегне изложување на населението на можен непосреден ризик.

Бутантан за Анвиси потврди дека уште 17 серии, вкупно 9 милиони дози, се произведени во истата фабрика и биле на пат за Бразил.

За време на 90-дневната забрана, Анвиса ќе се обиде да изврши увид во фабриката и да научи повеќе за безбедноста на производствениот процес, се вели во соопштението.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top