Во Бугарија продолжија протестите и по оставката на премиерот Бојко Борисов и неговиот кабинет.
Во Бугарија продолжија протестите и по оставката на премиерот Бојко Борисов и неговиот кабинет.
Демонстраните го изразија своето незадоволство поради високите цени на струјата и странските монополи. Бугарските граќани синоќа во центарот на Софија повторно го изразија незадоволство од поскапувањето на струјата, и покрај вчерашната оставка на бугарската Влада на премиерот Бојко Борисов.
Учесници на протестите, како што јави БТА, изјавиле дека не сакаат предвремени избори „кои би ги довеле на власт луѓето што управуваа со државата во последните 23 години“, туку дека сакаат само „пониски цени за струјата“.
Извикувајќи „Долу партиите“ и „Мафија“ учесниците на маршот се упатија пред зградата на бугарското Собрание, каде се собраа и група поддржувачи на премиерот во оставка Борисов. Помеѓу двете групи беа распоредени голем број полициски сили кон спречуваа контакти меѓу нив и евентуални судири.
Протести против поскапувањето на струјата се одржаа и во неколку други бугарски градови, како Варна, Пловдив, Бургас, Ќустендил и Димитровград. Протести се одржаа и пред зградата на препријатието „Топлификација“ во Враца, каде околу 200 граѓани јавно ги запалија своите сметки за топлинска енергија.
За недела се закажани големи демонстрации „против целата политичка класа“.Бугарскиот премиер Бојко Борисов власта ја презема на средната на 2009 година со ветување дека ќе ја модернизира најсиромашната земја во ЕУ, дека ќе се покачат платите и дека успешно ќе се бори против корупцијата. Меѓутоа поради драстичната политика на штедење животниот стандард на голем број Бугари и натаму е под просекот во ЕУ.
Парламентот денеска треба да одлучува по оставката на кабинетот на Борисов.Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле апелираше до сите партии, заеднички да најдат решение. „Ова се околности, кои во Бугарија бараат големо чувство за одговорност на сите политички сили. Полагаме на тоа дека секој ја знае својата одговорност“, дополни Вестервеле.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град