• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Свет
  • Борба за напуштениот стан на Менхетен што го купил Тито: Која балканска држава ќе профитира?

Борба за напуштениот стан на Менхетен што го купил Тито: Која балканска држава ќе профитира?

“Њујорк пост“ излезе со сторија за последната “битка“ која се води по распаѓањето на Југославија. Имено, се работи за стан вреден 20 милиони долари, што се наоѓа на славната Парк Авенија, а што во 1975 година го купил Јосип Броз Тито за 100.000 долари. Сега, 12 години потоа, продолжува борбата околу напуштениот стан на една од најдобрите адреси на Менхетен.

 |   | 
stan
стан

“Њујорк пост“ излезе со сторија за последната “битка“ која се води по распаѓањето на Југославија. Имено, се работи за стан вреден 20 милиони долари, што се наоѓа на славната Парк Авенија, а што во 1975 година го купил Јосип Броз Тито за 100.000 долари. Сега, 12 години потоа, продолжува борбата околу напуштениот стан на една од најдобрите адреси на Менхетен.

stan

Раскошната резиденција наскоро би можела да се најде на пазарот на недвижности, но петте страни прво мора да одберат агент за продажба и да постигнат договор околу поделбата на поцрнетото сребро и валканиот кристал што останал во станот.

Милан Милановиќ, заменик на српскиот амбасадор во Обединетите нации изјавил дека продажбата е затворање на последното поглавје од приказната за станот што е напуштен во 1992 година по почетокот на распадот на Југославија.

Станот има 216 квадрати, вкупно 14 простории, од кои шест спални соби и четири бањи и прашина стара 19 години. Бојата на ѕидовите била сосема уништена, а среброто во дневната соба видело и подобри денови. Во кујната имало стара микробранова, климатизери, а во оставата дури имало и некаква храна.

Последен станар бил Дарко Силовиќ. Хрват, последен амбасадор кој во ОН ја претставувал Југославија. Силовиќ дал оставка кога ситуацијата станала тешка на балканските простори, а со оставката го искажал својот протест против српското лидерство. На почетокот одбивал да го напушти станот кој требало да го преземе неговиот налседник, Србин.

На овој начин резиденцијата станала ничија сопственост, колатерална штета помеѓу поранешните држави сопственички. Правата на станот сега ги имаат Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Оваа недела во Сараево се очекува да биде потпишан договор за продажба на станот. Кога ќе бидат избрани посредниците за продажбата и таа ќе биде извршена, на Србија ќе и припадне 39,5 отсто од приходот, според формулата изведена за економската моќ на секоја од поранешните југословенски република.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top