Богаташот Николас Бергруен со француско-германско потекло неодамна вложи 881 милинони фунти во синџирот ресторани „Бургер кинг“.
Иако има пари да си купи стан или куќа каде што ќе посака на земјината топка, сепак реши да не вложува пари во вакви работи и да шета низ светот, да ги зацврстува службените контакти и да не го покажува своето богатство преку поседување скапи објекти. Овој 50-годишен бизнисмен пред 12 години ги продаде станот во Њујорк и приватниот остров. Оттогаш постојано патува низ светот, се дружи со убави жени, остварува нови бизни-контакти и ги зацврстува досегашните професионални пријателства. Во текот на еден месец Николас менува и по 14 града и остварува бројни контакти. Притоа најмногу вложува во градењето и одржувањето на своето професионално царство. Тој смета дека само делата имаат вистинска вредност и оти имот не го привлекува. Неговото моментно богатство се проценува на 1,5 милијарди фунти, пренесува „Дејли мејл“.
Николас Бергруен потекнува од богато семејство. Татко му тргувал со уметнички дела и бил пријател со Пабло Пикасо. Николас е роден во Париз во 1961 година. Во младоста бил бунтовен, дури бил избркан од интернат поради недисциплина.
Овој милијардер не знае ни збор на англиски јазик. Отсекогаш велел дека нема да го учи и нема да го користи овој јазик, бидејќи е јазик на империјализмот. И покрај овој факт успеал да заврши студии по финансии во Њујорк во 1988 година. Бизнис-царството почнал да го гради оснивајќи фонд за инвестиции.
Во 2000 година наводно доживеал некакво просветление, за кое не сака да открива детали и го продал сиот свој имот. Оттогаш постојано патува и престојува во луксузни хотели.
Секоја година во хотел во Лос Анџелес приредува забава по повод доделувањето на Оскарите. На неа присуствуваат голем број познати личности.
Милионите ги троши на купување иметнички дела, кои ги подарува на музеите . Омилени уметници му се Енди Ворхол и Демиен Хрст. Овој дарежлив милијардер лани потрошил 12 милиони долари на кампања за спасување на Калифорнија од долгови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град