„Благодариме, но ние си одиме“

Синдикатот на чешките лекари, до министерот за здравство Леош Хегер и останатите членови на Владата, упати писмо во кое предупредува дека околу 4.000 лекари ќе заминат од болниците поради ниските плати.

 |  Маја Савиќ  | 

doktorkaСиндикатот на чешките лекари, до министерот за здравство Леош Хегер и останатите членови на Владата, упати писмо во кое предупредува дека околу 4.000 лекари ќе заминат од болниците поради ниските плати.

Во кампањата насловена „Благодариме, но ние си одиме“, на која и се приклучија една четвртина од вкупно 16.000 регистрирани чешки лекари, овој медицински персонал бара нивниот личен доход ,кој сега изнесува околу 800 евра, да се зголеми за еден и пол до три пати или во спротивно се закануваат дека ќе заминат на работа во странство.

Ресорниот министер Леош Хегер неодамна изјави дека се надева оти нема да дојде до групно напуштање на работните места на лекарите во болниците и додаде дека и покрај тоа што смета оти барањата на  лекарите  се легитимни, средства во буџетот за зголемување на платите нема.

Инаку на берзите за работа, се почесто се среќаваат огласи на австриски и германски клиники кои бараат лекарски персонал од Чешка поради недостигот кои на овој вид кадар го имаат во своите земји.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top