Пожарот што вчера избувна во близина на Марсеј се придвижува кон периферијата на градот од југоисток.
Пожарот што вчера избувна во близина на Марсеј се придвижува кон периферијата на градот од југоисток. Пожарот изгоре околу илјада хектари шуми и создава реална опасност за населените квартови во средоземноморското пристаниште.
Полицијата и противпожарните служби евакуираа над 400 лица од двата најсилно засегнати реони. Засега нема човечки жртви.
Со настапувањето на ноќта авионите, кои беа вклучени во борбата против катастрофата, ги прекинаа летовите и пожарот се уште не е совладан, изјавија претставници на противпожарните служби.
Во дејствијата за гаснење на пожарот се вклучени 440 лица и 90 противпожарни автомобили. Во реонот на Марсеј итно се префрлуваат противпожарни екипи и автомобили од соседни градови.
Мобилизирани се и полициски единици, чија задача е да ја гарантираат безбедноста на населението.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град