Беснеат пожарите во Калифорнија

Двајца пожарникари смртно настрадаа синоќа во возило додека се бореле со пожарот што од средата беснее северно од Лос Анѓелес, соопштија властите.

 |  Крсте Голабовски  | 
pozar
пожар

Двајца пожарникари смртно настрадаа синоќа во возило додека се бореле со пожарот што од средата беснее северно од Лос Анѓелес, соопштија властите.

pozarВозилото со двете жртви, припадници на пожарникарната единица на округот Лос Анѓелес, излеталo од патот од си уште неутврдени причини и се превртело јужно од градот Актон, педесетина километри северно од Лос Анѓелес, изјави Мајк Брајант, портпарол на пожарникарите.

Двајца пожарникари чиј што идентитет и возраст не се откриени, загинале во текот на „интензивната борба со јазиците пламен“, рече Брајант.

Пожарот што ја зафати националната шума Анѓелес, на 30 – тина километри северно од градот, намален е на помалку од пет отсто површина во неделата и си уште се смета дека е „надвор од контрола“, соопшти американската служба на националните шуми.
Гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер ги посети местата северно од Лос Анџелес, каде од средата беснее пожар. Тој ја контролира операцијата за справување со огнената стихија.
Во пожарот три лица се повредени, а жителите од 4.000 куќи од градот Ла Канада Флинтриџ, 25 километри северно од Лос Анџелес се авакуирани.
Повеќе од 1.800 пожарникари се ангажирани во гаснење на огнот кој уништи 14.000 хектари шума и обработливо земјиште. Постои опасност пожарот да се прошири на 10.000 куќи и на 2.500 други згради.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top